САД: Кина ги прикрива злосторствата на Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

САД ја обвинија Кина дека се обидува да ги прикрие наводните злосторства од Северна Кореја со блокирање на веб-преносите на неформалниот состанок на членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации за наводите за кршење на човековите права во Северна Кореја.

Loading...

„Некои членови на Советот се премногу подготвени да го заштитат режимот од одговорност“, рече американската амбасадорка во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд на состанокот на Советот за безбедност на ОН, алудирајќи на Кина и Русија.

Според Ројтерс, Кина и Русија веруваат дека Советот за безбедност, кој е одговорен за одржување на меѓународниот мир и безбедност, не треба да разговара за прашањата за човековите права и дека таквите состаноци треба да бидат ограничени на други тела на ОН, како што е Советот за човекови права и Генералното собрание.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Принцот Вилијам денеска се среќава со Доналд Трамп: Познато и што ќе разговараат

Кинескиот дипломат Ксинг Јишенг рече дека состанокот, чиј кодомаќин беа САД ржави и Албанија, на кој било начин не бил конструктивен.

„Наместо да се смират тензиите, тоа би можело да го интензивира конфликтот и затоа е неодговорен потег. Користењето на Интернет ТВ на Обединетите нации за преноси во живо е губење на ресурсите на ОН“, рече тој.

Сите 15 членки на Советот за безбедност мора да се согласат Обединетите нации да дозволат состанокот да се емитува онлајн, а агенцијата јавува дека ретко се случува преносот да биде блокиран.

Томас-Гринфилд рече дека севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма се „неразделно поврзани“ со кршењето на човековите права.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск вложил 277 милиони долари во кампањата на Доналд Трамп

„Потрагата по оружје за масовно уништување секогаш ги надминува човековите права и хуманитарните потреби на сопствениот народ. Ким Џонг Ун избра муниција наместо храна, проектили наместо човештво“, рече таа.

Loading...

Северна Кореја не учествуваше на состанокот, а нејзината мисија во Обединетите нации не одговори на барањето на агенцијата за коментар.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.