Кина: Меѓународниот кривичен суд да избегне двојни стандарди во случајот на Путин

Сподели со своите пријатели

Кина го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) да избегне „двојни стандарди“ во врска со налогот за апсење издаден од тој суд против рускиот претседател Владимир Путин, кој е осомничен за воени злосторства во Украина.

Loading...

МКС со седиште во Хаг во петокот издаде налог за апсење на Путин, кој е осомничен за воени злосторства поради неговата вмешаност во „незаконски депортации“ на украински деца како дел од конфликтот меѓу Москва и Киев.

Реакцијата на Пекинг беше објавена неколку часа пред почетокот на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Русија, прва по речиси четири години, за време на која Кси ќе се сретне со неговиот руски колега Путин.

„Меѓународниот кривичен суд треба да заземе објективен и непристрасен став, да го почитува имунитетот од гонење на шефови на држави во согласност со меѓународното право“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Меѓународниот суд на правдата треба да „избегне политизација и политика на двојни стандарди“, им рече тој на новинарите во врска со другите воени интервенции по кои не беа издадени налози за апсење на шефови на држави.

Портпаролот беше прашан од новинарите за посетата на Си Џинпинг на Русија, и покрај налогот за апсење издаден против рускиот претседател Путин.

„Двете страни… ќе покажат вистински мултилатерализам, ќе ја промовираат демократијата во меѓународните односи, ќе изградат мултиполарен свет, ќе го подобрат светското владеење и ќе придонесат за развојот и напредокот на светот“, рече Венбин.

„Кина ќе го задржи својот објективен и правичен став за украинската криза и ќе игра конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори“, додаде портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Како што потсетува Франс прес, Кина јавно не ја осуди руската инвазија и ги критикува САД за снабдувањето со оружје на Украина, како и НАТО за тоа што не ги зема предвид руските безбедносни грижи.

Пекинг повикува и на дијалог, како и на почитување на територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.