Хамбург: Осум убиени на состанок на Јеховини сведоци, неколку повредени
Германската полиција денеска соопшти дека во напад на состанок на Јеховините сведоци во Хамбург загинале осум лица, а неколку лица се повредени. Полицијата наведува и дека се верува дека напаѓачот е меѓу загинатите во Салата на Царството, местото на собирање. Медиумите јавуваат дека напаѓачот е поранешен следбеник на Јеховините сведоци.Прочитај повеќе










