Германија речиси целосно го замени рускиот гас

Сподели со своите пријатели

Германија речиси целосно ја компензира загубата на руски гас благодарение на големиот пораст на увозот од Норвешка, Холандија и Белгија, откако Москва минатата година го намали снабдувањето поради западната поддршка за Украина.

Loading...

Помеѓу 2017 година и крајот на февруари 2022 година, Германија увезувала просечно 77 терават часови природен гас месечно, минус извозот, кој се користел за покривање на националната потрошувачка и полнење складиште, се вели во интерен документ на германската Федерална агенција за гас.

Спротивно на тоа, нето увозот од септември 2022 година до крајот на јануари – што значи без испораките на руски гас – изнесуваше 72,7 терават часови месечно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

Покрај тоа, Германија во јануари увезла околу 4 терават часови течен природен гас (LNG) преку новите терминали за LNG на германските брегови.

Просечно 26 терават часови природен гас месечно од Норвешка пристигнувале во Германија од 2017 до крајот на февруари 2022 година, се наведува во документот, а по прекинот на руските испораки оваа количина се зголемила на 41 терават час.

Во меѓувреме, нето увозот од Холандија се зголеми од 2 на 25 терават часови, додека протокот на гас од Белгија се зголеми од околу 2 терават часови на околу 23 терават часови месечно во просек од септември.

Бројките покажуваат и значителен пад на германскиот извоз на природен гас, на пример во Швајцарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Федералната агенција продолжува да го оценува снабдувањето со гас на Германија како „стабилно“.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.