Фолксваген привремено се откажа од изградбата на фабрики во Источна Европа

Сподели со своите пријатели

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген ги суспендираше плановите за производство на батерии во Источна Европа и даде приоритет на изградбата на погони во Северна Америка, каде што очекува субвенции од 9 до 10 милијарди евра, објави во средата Financial Times.

Loading...

VW го чека одговорот на Европа на американскиот Закон за намалување на инфлацијата (IRA) од 369 милијарди долари, пред да продолжи со плановите во регионот, објави FT, цитирајќи информирани извори.

Во 2021 година најавија изградба на шест фабрики во Европа

Членот на управниот одбор на Фолксваген, Томас Шмал, минатата недела на LinkedIn објави дека, со оглед на атрактивните услови на ИРА, Европа е во опасност да ја загуби „трката за инвестиции од милијарди евра за кои (компаниите) ќе одлучуваат во наредните месеци и години”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Група од 38 виетнамски туристи исчезна во Јужна Кореја

Во март 2021 година, за време на мандатот на извршниот директор Херберт Дис, VW најави изградба на шест гигафабрики во Европа.

За објектот кој требаше да биде отворен во 2027 година се натпреваруваа Унгарија, Полска, Словачка и Чешка.

Минатиот октомври компанијата објави дека ќе донесе одлука за локацијата до средината на 2023 година.