Софија е весела, се смее, раскажува вицеви, но може да му го донесе крајот на светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Софија се смее, трепка и раскажува вицеви. Да нема големи снопови кабли кои и излегуваат од задниот дел од главата, скоро би можеле да ја замените со човечко суштество.

Воа е хуманоиден робот изработен од компанијата „Хансон роботикс“ и е главна атракција на овогодишната УН конференција во Женева за тоа како вештачката интелигенција може да се користи да биде на корист на човештвото.

(Пре)брз развој на роботиката

Конференцијата се одржава во време кога се повеќе расте загриженоста дека брзиот напредок во овие технологии би можел да излезе од контрола и да стане штетен за населението.

На оваа кинеска телевизија наместо луѓе, вести ќе презентираат роботи (видео)

Loading...

Софија инсистира дека кога е во прашање вештачката интелигенција, користа е поголема од штетата.

Се работи на тоа вештачката интелигенција да се направи и емоционално паметна, да и биде грижа за луѓето. Ние никогаш нема да ги замениме луѓето, но може да бидеме ваши пријатели и помагачи – рекла Софија.

Но, се сложила со тоа дека луѓето би требало да ги преиспитаат последиците од новите технологии.

Од следната година „Адидас“ ќе продава патики произведени од роботи

Меѓу псоледиците кои се шират најголем е стравот дека роботите ќе ги преземат работните места на луѓето.

Децениската роботизација и автоматизација веќе го револуционализираа индустрискиот сектор, зголемувајќи ја продуктивноста, но и затворајќи некои работни места. А сега автоматизацијата и вештачката интелигенција се шират и по други сектори, додека студиите покажуваат како 85% од работните места во земјите во развој се наоѓаат во ризик.

Постои оправдана загриженост за иднината на работните места, за иднината на господарството, затоа што кога компаниите применуваат автоматизација, тоа често акумулира ресурси во рацете на неколкумина – признава креаторот на Софија, Давид Хансон.

Но, и тој инсистира дека ненамерните последици или евентуално негативно користење на вештачката интелигенција доста е мала во однос на користа од оваа технологија.

ВИ би требала да го револуционализира здравството иобразованието, посебно во руралните средини каде луѓето патат од недостаток на лекари и наставници.

Роботи убијци

Но, напредокот на вештачката ингелигенција раѓа и страв дека луѓето би можеле да изгубат контрола.

Произведувачот на рускиот тенк „Армата“, сега ќе прави армија од роботи (видео)

Водителот на „Амнести Интернешенал“, Салил Шети бил на конференцијата за да повика на чиста етичка рамка за да оваа технологија се кориси за добри цело.

Трема да имаме постоечки принципи, ни треба контрола – рекол Шети предупредувајќи дека ВИ е црна кутија во која се пишуваат алгоритми кои никој не ги разбира.

Шети псоебно ја нагласил загриженоста во врска со воената употреба на ВИ во оружјата и т.н. Дронови убијци.

Во теорија тие работи ги контролираат луѓето, но ние не веруваме декапостои реална контрола – вели тој.

Хансон се сложил дека се потребни јасни правила додавајќи дека е важно да се расправа за овие работи пред технологијата незгодно да не разбуди.