Произведувачот на рускиот тенк „Армата“, сега ќе прави армија од роботи (видео)

Сподели со своите пријатели

„Уралвагонзавод“, компанијата која ги произведува најнапредните руски тенкови „Армата Т-14“ е во план да произведе армија од борбени роботи во наредните две години.

Loading...

Според нивните наведувања, тоа ќе биде огромен чекор кон машините кои ќе управуваат со вештачка интелигенција.

Ќе прикажеме прототипови во наредните две години. Со голем успех одиме напред. Тенковите и останатите воени возила нема да имаат екипаж, тоа е минато – вели заменикот на генералниот директор на „Уралвагонзавод“, Вјанчеслав Калитов.

Тој наведува дека за „Армата“, која Русите и некои воени експерти го сметаат за најнапреден тенк во светот мора да има тројца чланови на екипажот.

Наскоро ќе бидат потребни само двајца, а во билска иднина ниту еден – самуверено вели Калитов.

Сепак, рускиот генерал вели дека таа можност за војување на машини и луѓе е домен од научната фантазија и дека ова не е Терминатор.

Само за потсетување, замникот на рускиот премиер задолжен за одбрамбената индустрија Дмитриј Рогозин неодамна изјави дека руската војска има се помалку потреба од тенкисти, а се повеќе играчи на компјутерски игри.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.