На оваа кинеска телевизија наместо луѓе, вести ќе презентираат роботи (видео)

Сподели со своите пријатели

Кинеските научници последнит егодини многу активно работат во областа на вештачката интелигенција, а едно од нивните нови достигнувања е роботот во улога на телевизиски презентер.

Како што јавува кинеската новинска агенција „Xinhua“, робот со името „Xiaoice“ започнал да работи како водител на телевизијата „Shangai Dragon“.

Името, роботот со својот глас, кој е доста близок со човековиот, ја најави временската прогноза.

Роботот инаку е дел од софтвер кој бил развиен со помош на „Microsoft SmartCloud“ технологија, а има способност за читање текст со звук со близок човечки глас, како и можност во истиот момент да ги коментира временските прилики.

Од друга страна, успехор на роботот Xiaoice предизвикал загриженост измеѓу вработените на телевизијата, затоа што би можеле да останат без работа.

Сепак, еден од члановите на управата на медиумската куќа „Shangai”, Song Ciongming вели дека немаат таков план, односно дека роботите ќе бидат користени со цел да се соберат информации и да се направи анализа, за да се помогне на луѓето.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.