Од следната година „Адидас“ ќе продава патики произведени од роботи

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Адидас“ соопштила дека од следната година ќе започне со продажба на патики кои во Германија ќе бидат произведувани од роботи.

Директорот на „Адидас“, Херберт Хајнер изјавил дека седиштето на новата фирма „Спид Компани“ ќе биде во близина на Анзбах, во покрајната Баварија, на југор од Германија.

Германскиот произведувач на спортска опрема не произведувал во матичната земја уште од 1993 година, кога производството било преселено во Азија, поради ефтината работна сила, како и експлоатација на работниците во земјите од третиот свет.

 

Loading...