Со бензин се обидел да запали Пензионерски дом

Сподели со своите пријатели

На 14.07.2017 година околу 23,00 часот, на ул.„Ангел Димовски“, во „Пензионерски дом  Аеродром“, пред вратата и на вратата од собата во која била  сместена Г.Б,  непознато  лице истурило бензин.  Истото се обидело да го запали, но не успеало. Причинета е мала материјална штета, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увидна екипа од СВР-Скопје извршила фотографирање на лице место и се преземаат мерки за расчистување на настанот.