Шест работи што треба да ги знаете за Убер

Сподели со своите пријатели

Илјадници досиеја, чија содржина ја објавија медиумите, открија како Uber им се „додворувал“ на влијателни политичари и колку далеку отишла компанијата за да ја избегне правдата.

Loading...

А што всушност е Uber, каде се користи и зошто неговото појавување доведе до бројни протести?

Што всушност работи Uber?

Иновативната компанија Uber ги поврзува возачите со оние на кои им треба возење преку апликацијата.

Иако изгледа слично, не е такси услуга и нејзината работа е законски регулирана поинаку – во зависност од земјата во која работи.

Корисникот може да ја следи локацијата на возачот преку мапата и да плати со готовина, картичка или Uber кеш, во зависност од која земја се работи.

Она што секако е погодно е проценката на возната цена пред да го нарачате возилото.

Како настанал Uber?

Uber започна како апликација која им дозволуваше на двајца или тројца луѓе кои одат на слична локација да се договорат преку апликацијата да патуваат заедно, за да имаат помали трошоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жените живеат подолго од мажите, но страдаат од долготрајни болести

Имено, секое лице би учествувало во поделбата на трошоците поврзани со горивото и амортизацијата на возилото.

Loading...

Оттогаш, многу се променија, а бројот на услуги што ги нуди Uber порасна. Најчесто користена услуга е Uber X – обичен автомобил со четири врати.

Други услуги вклучуваат Uber Pool – можете да ги споделите трошоците со друго лице, Uber XL, Uber Comfort, Uber Select, Uber Black и Uber Black SUV.

Uber не се задоволуваше само со поврзување на патници и возачи, туку разви и многу други услуги како курирска услуга, испорака на храна и пакети, изнајмување електрични велосипеди, скутери и превоз со траект.

 

 

Каде што сè може да се вози од Uber

Uber работи во повеќе од 10.000 градови низ светот, а во регионот може да се користи во одредени градови во Хрватска, Бугарија и Романија.

Најзастапена е, очекувано, во Соединетите Американски Држави, бидејќи се работи за компанија чие седиште е во Сан Франциско. Uber е достапен и во многу градови во Франција, Италија, Шпанија и Германија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Како да станете возач на Uber?

За разлика од таксистите кои мора да поседуваат лиценца и да положат испит, за да се стане возач на Uber потребно е само да се поседува валидна возачка дозвола и соодветно возило.

Во САД е малку покомплицирано, па возачите се проверени и мора да имаат најмалку една година искуство во возењето.

Барањата за автомобил со возач варираат од град до град, а ако некој сака да работи за Uber и нема сопствено возило, може да го добие преку некој од партнерите на Uber.

Протести против Uber

Додека Uber доаѓаше во некоја земја, такси здруженијата протестираа против тоа, барајќи законите да го регулираат бизнисот на Uber на сличен начин.

Тие тврдеа дека Uber има неправедна предност кога се во прашање потребните квалификации на возачите, техничките карактеристики на возилата, оданочувањето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Париз беше сцена на европското лансирање на Uber и наиде на силно противење од такси индустријата, што кулминираше со насилни протести на улиците.

Така, во 2015 година при протестите на таксистите во Париз и во други градови беа приведени 10 лица, седуммина полицајци беа повредени, а 70 возила беа оштетени.

Таксистите излегоа на улиците и во Хрватска, Шпанија, Австрија, Бразил…

Loading...

Убер датотеки

Илјадници протечени датотеки, кои датираат од 2013 до 2017 година, покажаа како Uber се обидува да обезбеди поддршка со дискретно додворување на премиерите, претседателите, милијардерите, олигарсите и медиумските магнати.

Меѓу имињата кои се појавија се актуелниот француски претседател Емануел Макрон и поранешната комесарка на Европската унија Нели Крос.

Досиејата покажуваат дека Макрон, тогашниот министер за економија, бил во контакт со основачот на Uber, контроверзниот Тревис Каланик, велејќи му дека ќе ги реформира законите во корист на компанијата.

ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ: Макрон тајно му помагал на Uber (ФОТО)