Саудиска Арабија соопштува дека ќе ја отстрани повеќедецениската забрана за кино во рамките на социјалните реформи кои ги спроведува саудискиот принц Мохамед бин Салман, а кои ќе направат потреси во ултраконзервативното кралство, оценува Гардијан.
– Прв пат по повеќе од 35 години комерцијално кино ќе биде дозволено и ќе започне со работа веќе на почетокот на 2018 година, се наведува во соопштението кое го издаде саудиското Минситерство за култура и информирање и додава дека владата веднаш ќе започне да издава дозволи за работа.
НАВИСТИНА КРАЛСКИ: Кралот на Саудсика Арабија потрошил 100 милиони долари за летување
Loading...
Повторно отварање на киното претставува суштинска промена за Саудиска Арабија. Кралството промовира забава во рамките на големите промени кои се познати како „Визија 2030“, кои се спроведуваат покрај противењето на конзервативците.
– Ова означува пресвртница во развојот на културната индустрија во кралството, се наведува во соопштението на министерот за информирање Авад Алавад.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.