Саливан: Војната во Украина не е во ќорсокак, но оди тешко против Русија

Сподели со своите пријатели

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека војната во Украина не дошла во ќор-сокак, но призна дека сè уште „ оди тешко“ против Русија.

Loading...

„Рековме пред да започне оваа контраофанзива дека ќе биде тешко, и тоа е“, рече Саливан во интервју за ABC News.

Како што истакна, таква е природата на војната, но Украинците продолжуваат да одат напред.

„Ние продолжуваме да ги снабдуваме со потребното оружје и средства за да го сторат тоа и тие ќе продолжат да се обидуваат да ја вратат територијата што Русија незаконски ја окупираше“, продолжи Саливан, укажувајќи на, како што рече, „напредок и на исток и на југ“, пренесува Танјуг.

Украинската контраофанзива на правците на југот на Доњецк, Артјомово и, пред сè, Запорожје започна на 4 јуни.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.