САД нема да го менуваат својот нуклеарен став како одговор на изјавата на Путин

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави не го променија својот нуклеарен став како резултат на новите закани за нуклеарно оружје на рускиот претседател Владимир Путин, изјави американски претставник за Ројтерс.

Loading...

Во интервју емитувано во средата, Путин рече дека Русија е подготвена да употреби нуклеарно оружје доколку нејзиниот суверенитет биде загрозен, велејќи дека се надева оти SAD нема да направат ништо за да предизвикаат таков конфликт.

Американскиот функционер, кој побара да остане анонимен, исто така рече дека Вашингтон не видел индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина по коментарите на Путин.

„Путин се повторува“

Тој рече дека Путин се чини дека ја повторува руската нуклеарна доктрина дека ќе користи нуклеарно оружје доколку суверенитетот на Русија биде загрозен.

„Не видовме причина да го прилагодиме нашиот сопствен нуклеарен став, ниту пак некакви индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина“, додаде функционерот.

Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа, во изјавата рече дека „нуклеарната реторика на Русија беше непромислена и неодговорна во текот на овој конфликт“.

„Русија е таа која брутално ја нападна Украина без провокација или оправдување, а ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина додека го брани својот народ и нејзината суверена територија од руската агресија.

Во интервју за руската државна телевизија во средата, два дена пред почетокот на изборите, Путин рече дека не мисли дека светот е на пат кон нуклеарен конфликт, туку дека неговата земја е во целосна готовност, потсетува Танјуг.

Loading...

Откако ја започна својата инвазија на Украина пред нешто повеќе од две години, Путин често предупредуваше за нуклеарна опција во војната, вклучително и за време на неговиот говор за состојбата на нацијата минатиот месец.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.