Руските сили тврдат дека го освоиле трговското пристаниште Мариупол

Сподели со своите пријатели

Руската армија во четвртокот објави дека презела целосна контрола над поголемиот дел од уништеното пристаниште во Мариупол, „ослободувајќи“ го од паравоениот баталјон Азов.

Loading...

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека преостанатите украински сили во градот се „блокирани и не можат да избегаат од опкружувањето“.

 

Специјалците објавија фотографии: Го уништивме мостот кога преку него поминуваше руски конвој

 

Но, ниту еден официјален украински извор не ги потврди наводите.

Градот Мариупол со недели е под опсада, а останатите жители се без вода, храна и струја.

Американскиот институт за воени студии (ISW) објави дека руските сили „најверојатно“ ќе го окупираат градот следната недела.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто украинската армија го повлекува „Абрамс“ од линијата на фронтот?

Мариупол е од стратешко значење за Москва бидејќи Русија се обидува да воспостави копнен мост меѓу регионот Донбас и окупираниот полуостров Крим.

 

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

Московските сили ги насочуваат своите напади врз источна и јужна Украина, а аналитичарите предвидуваат голема нова офанзива во регионот во блиска иднина.

Во меѓувреме, во северна Украина, во тек се напори за расчистување на големи количества неексплодирани убојни средства што ги оставија руските сили кои се повлекуваат.

Деминирањето е во тек бидејќи десетици илјади неексплодирани убојни средства и мини се оставени во регионот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.