Специјалците објавија фотографии: Го уништивме мостот кога преку него поминуваше руски конвој

Сподели со своите пријатели

Специјална единица на украинската армија го уништи мостот во областа Харков во моментот кога преку него се движеше руски конвој кој се движеше кон градот Изум во југоисточна Украина, соопшти командата на украинските специјални сили.

Loading...

 

 

Украинските власти објавија дека последните денови се водат жестоки борби кај Изум, наведувајќи дека Русите се обидуваат да стигнат до источниот регион на Донбас од правец на Изум.

По мостот поминувале оклопни возила и камиони

 

Loading...

 

Украинските специјалци тврдат дека мостот бил уништен од експлозив во моментот кога низ него поминувала конвој оклопни возила од типот „Тигар“ и неколку камиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Овие тврдења не се независно потврдени.

 

 

 

 

Loading...