Русите го гаѓаа мостот на Кличко во Киев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските сили го гранатираа и мостот Кличко во Киев, а се претпоставува дека сето тоа е одмазда за уништувањето на Кримскиот мост.

Loading...

На украинските Телеграм канали е објавено видео од гранатирањето на мостот Кличко, кој се наоѓа во близина на плоштадот Мајдан во строгиот центар на градот.

Серија експлозии се случија утрово во Киев, потврдија тамошните власти.

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, неколку експлозии одекнале во областа Шевченко.

Ракетниот оган започнал околу 8 часот и 30 минути изутрината, а одекнале најмалку четири експлозии.

Запалени се бројни автомобили, а уништени се и згради.

Една од ракетите, соопштија киевските власти, паднала во близина на споменикот на Грушевски, кој се наоѓа во непосредниот центар на градот.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.