Русија: „Плановите на САД за Киев – само испорака на оружје и биолаборатории“

Сподели со своите пријатели

Плановите на САД вклучуваат само биолаборатории и испорака на оружје, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

„Со тоа што стана гарант за безбедноста на Украина, Белата куќа ќе ја преземе обврската да го одржува мирот во оваа земја. Но, тоа не е дел од плановите на американските либералдемократи. Само испорака на оружје, само биолаборатории, само рачна контрола на марионети режими да ја дестабилизираат ситуацијата во Евроазија“, напиша таа на Телеграм.

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

Претходно членот на украинската делегација на преговорите со Русија Дејвид Арахами изјави дека Киев предлага нов безбедносен систем за Украина.

Сегашниот украински режим ги гледа земјите-членки на Советот за безбедност на ОН како гаранти, како и Турција, Германија, Канада, Италија, Полска и Израел. Претходно, раководството на голем број европски земји, меѓу кои и Германија и Велика Британија, изразија подготвеност за ваков чекор.

Директорката за комуникации на Белата куќа Кејт Бедингфилд изјави дека САД сѐ уште не се подготвени да разговараат за какви било конкретни работи во контекст на обезбедување на можни безбедносни гаранции за Украина.

Loading...

 

Каква е улогата на Роман Абрамович во преговарачкиот процес?

 

На 29 март во Истанбул се одржа уште една рунда разговори, при што руската страна доби писмени предлози од украинската страна, вклучително и одбивање членство во воени сојузи, како и идеја за враќање на Крим со воени средства.

На 24 февруари рускиот претседател Владимир Путин го објави почетокот на воената операција за демилитаризација на Украина. Обраќајќи им се на своите сограѓани, тој рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“, бидејќи републиките во Донбас се обратија до Москва за помош.

Путин истакна дека целта на операцијата е „заштита на луѓето кои осум години биле изложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

Loading...

 

Според него, за тоа е планирано да се „демилитаризира и денационализира Украина“ и да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за „крвавите злосторства над цивилите“ во Донбас.

Министерството за одбрана на Русија редовно нагласува дека руската армија не нанесува никакви удари врз градовите во Украина: воената инфраструктура е оневозможена со средства со висока прецизност.