Каква е улогата на Роман Абрамович во преговарачкиот процес?

Сподели со своите пријатели

Шефот на украинската делегација во преговорите со Руската Федерација, Давид Аркамија, изјави дека рускиот олигарх Роман Абрамович одиграл позитивна улога во преговорите, бидејќи првично дејствувал како „неофицијален канал за комуникација“.

Loading...

„Да бидам искрен, неговата улога е многу позитивна, но не разбирам зошто тој почна да игра јавна улога. На самиот почеток имаше дополнителен канал за комуникација, неофицијален, кој помага да се кажат некои сложени работи на нормален човечки јазик, а не на дипломатски јазик“, изјави украинскиот преговарач.

 

Русите продолжуваат да го гранатираат Чернихив, автобуси на пат кон Мариупол

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

„Тој повеќе не се крие, но сега е друга личност во преговорите“, додаде тој.

Акрамија смета и дека Абрамович сака да биде неутрален во преговарачкиот процес, пренесува Интерфакс-Украина.

„Иако не го доживуваме како неутрален. Но, можеме да кажеме дека, се разбира, тој е понеутрален од официјалната страна во преговорите“, додаде шефот на украинската делегација.

Loading...