Пронајдовме остатоци од летало кое не е од Земјата, тврдат поранешни претставници на Пентагон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пентагон сè уште има тајно одделение за НЛО истражување, а наскоро ќе треба да го објави она што го откриле во нивното истражување.

Loading...

Иако Пентагон тврдеше дека ја раскинал својата тајна програма за идентификација на НЛО уште во 2012 година, се чини дека програмата е само преместена и преименувана.

Зошто се уште не се пронајдени вонземјани?

Она што е особено интересно е дека барем дел од нивните откритија ќе треба да бидат објавени 180 дена по донесувањето на законот за разузнавање.

И додека некои вклучени во програмата се надеваат дека ќе најдат докази за постоење туѓо вселенско летало за кое се шпекулира со децении, главниот фокус е сè уште на тоа дали станува збор за напредна технологија од супериорни воени сили.

Сепак, поранешниот директор на програмата за НЛО и поранешен службеник за воено разузнавање Луис Елизандо потврди дека тој и неколку други поранешни државни службеници и владини научници веруваат дека предмети од неидентификувано потекло навистина паднале на Земјата, и дека нивните остатоци биле земени за анализа.

Вонземјани, ритуално убиство или нешто трето? Еве што се крие зад мистеријата од Урал стара 60 години!

 

Loading...

 

Елизандо, кој поднесе оставка во 2017 година, по 10 години на чело на програмата за НЛО, смета дека програмата повеќе нема „да се крие во сенките“ и ќе „добие нова транспарентност“.

Грчки теоретичар: Сите луѓе со оваа крвна група биле во контакт со вонземјани

За потсетување, теориите за НЛО, кои досега претежно спаѓаа во доменот на „алтернативни“ и псевдо-научни истражувања, добија нов моментум и внимание на јавноста кога Пентагон официјално објави неколку снимки од средбите на американските воени пилоти со НЛО.

И тие снимки беа објавени во 2017 и 2018 година од страна на американската компанија „To The Stars Academy of Arts & Science“, која беше основана од поранешниот член на рок-групата „Блинк-182“, Том ДеЛонг, инаку љубител на теориите на заговор.

Американската морнарица ја потврди нивната автентичност минатата година, но исто така потенцираше дека не знае точно какви објекти се тие.

Претставник на морнарицата за CNN во тоа време изјавил дека морнарицата не верувала дека станува збор за вонземско летало.

Loading...

Мештани тврдат дека заробиле вонземјани, властите велат дека тоа биле „џуџиња“ (ВИДЕО)

 

 

Важно е да се потенцира дека НЛО не мора да значи вонземско вселенско летало, туку едноставно вселенско летало чијашто природа и потекло не се идентификувани – како што сугерира нивното име.

Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Поранешниот сенатор Хари Рид исто така рече дека верува дека паѓањето на НЛО можеби е веќе забележано и дека остатоците од тие авиони, доколку се соберат, ќе треба да се проучуваат.

„Откако го проучив ова, заклучив дека има извештаи – некои значајни, некои не – дека владата и приватниот сектор имаат вакви материјали“, додаде Рид.

Loading...

„Исклучително е важно да се објават информации за откривање физички материјали или пронајдени возила“, истакна поранешниот сенатор.

Ниту такви остатоци од срушеното летало не се јавно презентирани за независна анализа, а за некои пронајдени метални фрагменти, лабораториската анализа потврди дека тие се од човечко, а не вонземско потекло, односно производство.

Покрај тоа, некои необјаснети средби со НЛО последователно добија објаснувања, а астрофизичарите истакнуваат дека дури и недостатокот на објаснувања не значи дека тие се нужно, па дури и веројатно, вонземјани.

Вонземјаните постојат: ЦИА објави документи за блиски средби

 

Loading...

 

Сепак, Ерик В. Дејвис, астрофизичар кој работел како подизведувач, а потоа и како консултант за програмата за НЛО на Пентагон од 2007 година, открил дека анализата на некои од пронајдените материјали не успеала да го открие нивниот извор.

Дали навистина станува збор за вонземјани? Снимени 14 објекти како лебдат над океанот во САД (ВИДЕО)

„Не сме можеле да ги направиме самите“, заклучи Дејвис, кој сега работи за одбранбениот кооперант Aerospace Corporation.

Во сочнит егласини за НЛО и вонземјани се вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју рече дека знаел некои „многу интересни“ работи за Росвел, град во Ново Мексико кој според т.н. ловци на НЛО бил првото место на несреќата на НЛО.

Loading...

Сепак, на прашањето дали ќе ги објави тие информации, Трамп одговори: „Ќе размислам за тоа“.

Leave a Reply