Грчки теоретичар: Сите луѓе со оваа крвна група биле во контакт со вонземјани

Сподели со своите пријатели

Со децении, луѓето тврдат дека виделе „нешто чудно на небото“ и се убедени дека вонземјаните нè посетуваат, а некои дури тврдат дека биле киднапирани од нив… И тоа не е ништо ново!

Loading...

Но, последното тврдење на грчки теоретичар за антички астронаути за овие киднапирања е малку чудна и наводно се „прикажува“ преку крвна група на една личност?!

Мештани тврдат дека заробиле вонземјани, властите велат дека тоа биле „џуџиња“ (ВИДЕО)

Џорџ Цокалос е со грчко потекло, а меѓу оние „кои веруваат дека вистината е таму некаде“, тој се смета за вистинска супер-ѕвезда. Овој познат теоретичар на античките астронаути запознал илјадници луѓе кои тврдат дека виделе НЛО, па дури дека имале и директен контакт со вонземјани.

– Вонземјаните киднапирале луѓе од Земјата со векови и ова не е нов проблем, но денес тие искуства се поголеми и има помалку скептици – посочува Цокалос. Единствениот документиран и докажан случај на киднапирање се случил со Том Рид во Шефилд, западен Масачусетс. Кога имал 10 години, тој бил киднапиран од вонземјани на 1 септември 1969 година (на американскиот ден на трудот) откако се вратил од природата, каде отишол на скара со својата мајка и баба.

Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Том Рид е единствениот документиран и докажан случај на НЛО киднапирање.

– Додека мајка ми го возеше автомобилот, цело време бевме следени од тркалезно летало големо околу 30 метри со снопови на светлина, а кога стигнавме до дрвениот мост, тоа ни го блокираше патот – се сеќава Том Рид.

Loading...

Том тогаш се чувствувал како минува низ енергетското поле, влегол низ светкава врата и, кога ги отворил очите, видел осветлена маса и битие со долги прсти како мравка. Се разбудил во автомобилот.

Овој случај за киднапирање го испитувал и локалниот судија Кевин Титус и тој ги собрал изјавите на 250 сведоци кои ги повикале полицијата и армијата. Титус успеал да го убеди гувернерот Чарлс Бејкер да го потпише првиот официјален документ со кој се потврдува НЛО киднапирање на 3 ноември 2015 година.

Вонземјаните постојат: ЦИА објави документи за блиски средби

Сепак, иако официјалниот документ го потврди првиот случај на киднапирање, вистинското прашање е зошто тоа го прават вонземјаните?

– Луѓето биле создавани од примати со милиони години, а потоа, одеднаш, од „хомосапиенс“ тие станале рационални битија „хомо сапиенс сапиенс“ – вели Цокалос.

Основата на неговата теорија е дека интервенирале вонземјаните. Како направиле нашите предци да бидат „попаметни“?

– До пред 35.000 години, не постоела HR негативна крвна група и киднапирањата ја направија оваа промена во нашата ДНК, па може да се заклучи дека секој што ја има оваа крвна група имал контакт со вонземјани – заклучува Цокалос.

Британска астронаутка тврди: Вонземјаните постојат и можеби веќе се на Земјата

Loading...

Теоретичарите на античките астронаути, предводени од Цокалос, веруваат дека суштества од други светови продолжуваат да манипулираат со човечкиот генетски код, со цел да нè претворат во „хомо сапиенс сапиенс сапиенс“, односно супер интелигентни суштества.

Leave a Reply