Вонземјани, ритуално убиство или нешто трето? Еве што се крие зад мистеријата од Урал стара 60 години!

Сподели со своите пријатели

Несреќата што се случила на превојот Дјатлов во февруари 1959 година предизвика шпекулации и теории на заговор за причините за трагедијата, кои вклучуваат вонземјани, ритуално убиство од блиско племе или тајно ракетно тестирање.

Loading...

Руските инженери и студенти биле пронајдени мртви во облеката за спиење, а некои тела имале навидум необјасниви повреди.

Мистерија стара со векови: Кој ќе се приближи до овој камен веднаш умира (ВИДЕО)

Во првите извештаи на властите се вели дека кожата и косата на некои од мртвите станале сиви и дека е измерена радиоактивност на нивната облека. Дел од причината за теориите на заговор за инцидентот е фактот дека советските власти веќе некое време молчеле за нивната смрт.

Новата истрага беше покрената пред повеќе од една година со цел да се утврди што навистина се случило пред 61 година.

Андреј Курјаков од регионалното обвинителство во саботата ги објави резултатите од истрагата, според кои природните причини биле виновни за смртта на планинарите.

Руските научници разрешија мистерија стара 112 години: Еве што точно се случило во Сибир во 1908 година (ВИДЕО)

Според руската новинска агенција РИА Новости, Курјаков рекол дека најверојатното објаснување било лавината што започнала додека групата спиела во планините на околу 2.000 километри источно од Москва, јавуваат агенциите.

Loading...

Планинарите успеале да ги остават своите шатори и да се засолнат под падината кога врз нив паднала лавина. Ништо повеќе не можело да се види од снегот и тие на крајот премрзнале, рече тој, додавајќи дека температурата била околу минус 40 Целзиусови степени.

– Тие направиле сè што можеле. Тоа била херојска борба. Немало паника, но во тие околности немале никакви шанси – рече Курјаков.

Претходно, неименуван „познат лекар“ во извештајот тврдеше дека скршените ребра кај двајцата планинари биле „резултат на стискање на градите од страна на некои големи суштества“.

Мистерија која никој не ја разрешил: Како воз влегол во тунел и исчезнал засекогаш? (ВИДЕО)

Истражени се повеќе од 70 можни околности на смртта и направени се експерименти, изјави рускиот обвинител.

Повредите се карактеристични за жртвите од лавината, рече Курјаков, додавајќи дека тој сега смета дека случајот е затворен.

Иако на телата не се пронајдени траги на борби, две жртви имаат скршен череп, две имаат скршени ребра, а на една жртва ѝ недостасувал јазик.

Можни објаснувања вклучуваат лавина, напад на криминалци или домородците од Манси, кавга меѓу самите туристи, како и разни видови теории на заговор.

Loading...

Мистерија стара 74 години: Како пет американски авиони исчезнаа во Бермудскиот триаголник? (ВИДЕО)

Групата ја сочинувале Људмила Дубинина, Јуриј Кривошенко, Рустем Слободан, Александар Колеватов, Семјон Золотров, Јури Дорошенко, Зинаида Колмогорова, Игор Дијатов и Николај-Тибо Брингол.

Членовите на семејството на жртвите веќе изјавија дека не веруваат во верзијата на обвинителот за настаните.

 

Leave a Reply