Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Сподели со своите пријатели

Луѓето позитивно би реагирале на веста дека е откриен вонземски живот, но не би биле среќни вонземјанските вселенски бродови да се појават на Земјата.

Loading...

Истражувачи од државниот универзитет во Аризона ја анализирале студијата „Границите на психологијата“ за да видат како човештвото ќе реагира кога конечно би наишол вонземски облик на живот.

Астрономите бараат повеќе пари: Подготвени сме за откривање вонземјани

Познатите личности кои своевремено зборувале за можноста за такво искуство биле оптимистички.

Карл Саган во својот познат роман „Контакт“ навел дека средбата со вонземска цивилизација би довела до хаос во кој, освен низата позитивни реакции на човештвото, би здивееле фундаменталистичките движења.

Физичарот Стивен Хокинг сметал дека човештвото не би можело да ја преживее средбата со цивилизација која е толку понапредна што е способна за меѓуѕвездени летови.

Вонземјаните постојат: ЦИА објави документи за блиски средби

Анализата на можното однесување на луѓето при средба со вонземски форми на живот зборува дека човештвото, кое е растргнато од национализам, расизам, ксенофобија, верско исклучување и војни, во поголемиот број случаи би било воодушевено.

Loading...

Медиумските извештаи за микроби од комети или пронаоѓање на евентуано насселиви планети покажуваат дека реакциите би биле доста позитивни.

Исто така биле извршени тестирања на 500 луѓе за вести за вонземски форми на живот.

Британска астронаутка тврди: Вонземјаните постојат и можеби веќе се на Земјата

– Можно е напросто да ни се допадне идејата дека не сме сами во вселената. Тоа би ни дало одговор на прашањето кое и какво ни е навистина местото во космосот, наведува шефот на студијата Мајкл Вернум, објаснувајќи го големото интересирање на луѓето за темата околу вонземскиот живот.

Меѓутоа, реакциите на човештвото на појавата на интелигентни суштества во армбадата воени летала над Земјата сигурно не би биле позитивни, смета Вернум.

Leave a Reply