Вонземјаните постојат: ЦИА објави документи за блиски средби

Сподели со своите пријатели

Областа каде што наводно било забележано НЛО пред скоро пет децении, СССР очигледно ја користел за тестирање на експериментални ракети и системи со ласерско оружје.

Loading...

Неодамна декласифициран документ на ЦИА фрла светлина врз наводната средба со НЛО што се случила во пресрет на Студената војна во 1973 година во Казахстан, додека Казахстан беше дел од Советскиот сојуз.

Документот, преработената верзија за прв пат беше објавен во 1978 година, а кој денес е достапен на „Блек Волт“, страница што објавува декласифицирани владини документи, спомнува сведок, наречен „Извор“, како излегол од просторијата да зеде чист воздух и забележал „неидентификуван светло зелен кружен предмет“ кој лебди над облаците.

– За време од 10 до 15 секунди набљудување, зелениот круг се прошири и за кратко време се формираа неколку концентрични кругови околу масата. По неколку минути, боењето престана. Немаше звук, како експлозија, поврзана со појавата – се вели во документот, повикувајќи се на изјавата на сведокот.

Според сајтот, се случила „блиска средба“ во близина на опсегот за тестирање на оружјето „Сари Саган“, кој, наводно, бил користен од СССР за лансирање „експериментални ракети“ и „системи со ласерско оружје со употреба на моќни антени“.

За време на телефонското интервју со „Њусвик“, основачот на „Блек Волт“, Џон Гринвалд, ја спореди оваа средба со инцидентот во NLO Nimic во 2004 година.

– Ова е многу интересно во денешниот контекст, како закана за воените инсталации. Записите на морнарицата на САД велат дека што и да било – загрижува. Тие се исплашени од овие неидентификувани феномени“, рече тој.

Документот објавен од ЦИА може да го видите ОВДЕ.

Loading...

Leave a Reply