Плејбој принцеви кои живееле во невиден раскош и починале млади (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Минатиот викенд почина принцот Азим, син на султанот од Брунеи, еден од магнатите на американската филмска индустрија чија деловна активност се проценува на пет милијарди долари.

Loading...

Азим беше шесто дете на султанот во Брунеи и четврто по ред за тронот.

Медиумите во Велика Британија наведуваат дека Азим починал по долго и тешко боледување на 38-годишна возраст, како и дека, во согласност со исламските обичаи, бил погребан истиот ден кога починал.

Големи владетелски семејства кои целосно ги уништил инцестот

Во неговата татковина беше прогласена седумдневна национална жалост, а одржувањето прослави во тој период беше строго забрането.

Луди забави и врски со познати личности

Принцот Азим поголемиот дел од својот живот го помина во Европа и САД, каде беше добредојден гостин на најлудите забави на кои присуствуваа членови на светскиот џет-сет – од холивудски актерки и планетарно популарни пејачи, до модели кои често завршуваа во неговите прегратки.

 

Loading...

 

Мајкл Џексон, Памела Андерсон и Џоан Колинс беа само некои од пријателите на принцот Азим со кои тој беше среќен да ги прослави своите родендени во тинејџерските години.

13 „Илуминати“ семејства кои го контролираат светот

Како и децата на повеќето светски милијардери, синот на султанот од Брунеи се школувал во Велика Британија, каде што добил завидно образование.

Неговата диплома од Оксфорд беше, покрај парите, билет за светот на бизнисот. Наследникот на султанот од Брунеи се обиде со својата сила во филмската индустрија, каде за кратко време постигна голем успех.

Не беше имун ниту на познатите убавици. Тој се обиде да ја заведе sвездата на „Големиот брат“, Џејд Гуди. Отпрвин тие беа само пријатели, а потоа тој и подари прстен вреден три и пол милиони евра „од пријателски мотиви“.

Џејд не го одбила подарокот, но не станала сопруга на принцот Азим. Оваа позиција ја „одбрала“ актерката Скарлет Џохансон, со која синот на султанот од Брунеи се забавуваше откако ја напушти Гуди. Но, ниту таа не успеа да стане принцеза.

Loading...

И покрај законите и обичаите во неговата татковина, принцот Азим отворено ја поддржуваше ЛГБТ заедницата, што доведе до шпекулации дека во одреден момент „го пробал забранетото овошје“ и сфатил дека жените повеќе не го привлекуваат како некогаш.

Овие деца се потомци на најмоќните кралски семејства, а еден ден ќе управуваат со монархија (ВИДЕО)

Одговорот на неговиот татко беше повеќе од остар: тој објави закон според кој хомосексуалците ќе бидат каменувани до смрт.

Поради жестоката реакција на меѓународната јавност, султанот од Брунеи мораше да вети дека ќе се откаже од контроверзната промена на законот.

Додека од една страна уживаше во дружење со познати личности и раскошен живот, од друга страна принцот Азим беше препознатлив во јавноста како еден од ретките богаташи кои финансиски помагаа сериозно болни деца и деца со аутизам.

Неговата филантропија сигурно ќе остане гордост на несреќниот татко кој ја доживеа најголемата можна трагедија што може да го снајде родител – да го закопа неговиот син.

Овие познати семејства имаат богатство и моќ, но постојано ги следат несреќи и смрт (ФОТО+ВИДЕО)

 

Loading...
Владетелот на Дубаи и султанот на Брунеи останаа без синови

 

Порок го уби синот на владетелот на Дубаи

Како султанот во Брунеи, и владетелот на Дубаи, шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум остана без син.

Принцот Рашид I Мухамед бин Рашид Ал Мактум беше првиот во редот за тронот, но една фатална грешка го чинеше безграничната доверба на неговиот татко, а подоцна и неговиот живот – дрогата.

 

Loading...

 

Иако се потрудил да ги воспита своите синови во исламски дух, да им всади семејни вредности, да ги научи на филантропија и да овозможи образование во Велика Британија, што е традиција во најбогатите арапски семејства, најстариот син на владетелот на Дубаи залутал.

Дури и по завршувањето на студиите, принцот Рашид продолжил да живее во Лондон, потрошил големи суми пари, го собирал британскиот џег-сет на забави за кои се зборуваше долго и нашироко.

10 правила кои дадилките во кралските семејства не смеат да ги прекршат

Предупредувањата на неговиот татко не беа доволни за принцот Рашид навреме да се тргне од порокот. Прво најави дека ќе го ослободи од моќта, а потоа го укина неговиот богат апартман.

Loading...

Со неговиот помлад син, братот на Рашид Хамдан, шеикот од Дубаи често одел во Лондон и се возел со метрото; тоа бил начин да му се покаже на постариот Рашид како треба да живее, и покрај милијардите што ги поседува семејството Ал Мактум. Залудно – порокот лак Рашид земал замав.

Принцот Рашид (34) почина во семејната куќа во септември 2015 година. Иако медиумите во Обединетите Арапски Емирати пишуваа дека тој починал од срцев удар, се знаело дека младиот принц Рашид бил жртва на кокаинот.

И додека се зборуваше само дека шеикот Рашид заминал од дрога, за неговиот братучед, моден дизајнер и син на арапскиот шеик Султан бин Мохамед ал Касими, тоа јасно се знаеше.

Младиот принц Калид бин Султан Ал Касими беше пронајден мртов во Лондон, во неговиот стан, по оргија со кокаин и потоци алкохол.

За време на неговата смрт имал само 39 години.

Loading...

 

Leave a Reply