Овие познати семејства имаат богатство и моќ, но постојано ги следат несреќи и смрт (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

До својата популарност светски познатите семсјтва доаѓале на различни начини, преку политички амбиџии и претприемнички дух, до оние кои се насочени кон уметноста, било пишаната или филмската.

Loading...

Меѓу нив има доста семејства кои преживеале бројни трагедии, кои не ги одминале ниту кралските дворци. Ова се најпознатите светски семејства за кои бројни светски медиуми пишуваат дека се наводно проколнати.

Семејството Хемингвеј

Во своите романи со кои на големо ја задолжил американската книжевност, Ернест Хемингвеј се занимава со проблемите на војната, смртта, храброста и љубовта, кои во добар дел ги обработува врз основа на своите искуства.

Меѓу неговите дела се и полуавтобиографскиот роман „Збогум оружје“. Со иронија на судбината, Хемингвеј животот го завршил со пукање од пушка, но не на некој од воените фронтови во кои учествувал, туку од сопствената рака.

Познатиот пистале пател од тешка депресија поради која си пресудил во 1961 година, во 62та година од животот. Од клиничка депресија патела и неговата сестра Урсула која се предозирала пет години по неговата смрт.

Шеснаесет години по смртта на писателот животот со пукање си го одзел и неговиот брат Лестер кога дознал дека поради дијабетесот ќе мора да остане без двете нозе.

Loading...

Династија Хабзбург

Шест векови долата историја на аристократското семејство Хабзбург, едно од најважните кралски династии во Европа, требало да биде доволен период за создавање расгранета лоза на наследници, но во счучајот на Хабзбург имало и трагични моменти.

Со женидбата со својата роднина Елизабета од Баварија, австрискиот цар Франц Јозеф и на потомството обезбедил склоност кон ментални болести, со какви изобилувало семејството на Елизабета. На тоа се препишува и прераната смрт на Рудолф, нивниот единствен син и наследник на престолот, кој со 17-годишната љубовница Мери Вечер, животот си го одзеле во 1889 година не неговиот ловечки дом.

Од друга позиција во редот за наследување, престолот го презема Франц Рединанд, чиј татко Карл Лудвиг, помладиот брат на Франц Јосеф Први, се откажал од својот престол во корист на синот.

Франц Фердинанд се науживал со патувањата ширум светот, а животот му завршил во 1914 година во Сараево, во атентатот кој ја стартувала и Првата светска војна.

Loading...

Кралската династија Грималди

Постои легенда дека во 13 век е фрлена клетва на браковите на кралското семејство Грималди, које владеело со државата Монако. Нив според приказната ги проколната млада девојка која наводно ја силувал принцот Рение Први, па од освета станала вештерка и фрлила клетва.

Династијата навистина ја погодувале брачни кризи една по друга, но проклетството се проширило и андвор од кругот на лошите бракови. Од моментот на погинувањето на принцезата Грејс Кели, која страдала во 1892 година, во таинствена автомобилска несреќа, монашкото кралско семејство не престанале да го погодуваат скандали.

Очинства, вонбрачни деца и абортусот на принцезата Фрејс пред бракот со Рение Трети, само се дел од материјалите со кои биле полнети тогашните таблоиди долж Азурниот брег.

Животот на младата ќерка принцезата Грејс, Стефани, обележан е во неуспешните врски и бракови. По повеќе кратки врски, Стефани се скрасила во брак со својот телохранител, со кој веќе пимала две деца, но бракот траел нешто повеќе од година дена, Потоа низа афери, а со инструкторот за скијање добиле и ќерка. Откако таткото ја исфрлил од кнежеството, се споменува уште еден брак со помлад португалски трапезист кој траел неколку месеци.

Постарата ќерка на принцезата Каролина останала вдовица со три деца откако нејзинито маж Стефано Цазираги погинал во 1990 година во поморска несреќа на глисер.

Семејството Брандо

Неволјите во семејството Брандо започнале со првата сопруга на Марлон, Ана Кашфи, која по раѓањето на нивниот син Кристијан станала зависна од алкохол и дрога.

Loading...

На лошата среќа не и бил тука крајот, па во 1990 година, во дневната собра на домот на Беверли Хилс, Крисијан ја бива Дага Дролета, љубовниот на својата полусестра Чејен.

Од десетгодишната казна која му била пресудена за убиство со предумисла, во затвор минал шест години.

Година дена пред да биде пуштен на слобода, Чеј н извршила самоубство поради депресијата од која не се извлекла по смртта на Дролета. Имала 25 години. Смаиот Кристијан починал од воспаление на белите дробови во 2008 година, на 49-годишна возраст.

Семејството Оназис

Loading...

Вдовицата на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди, Џеки Кенеди, се омажила во 1968 година, за грчкиот бродоградски тајкун Аристотел Оназис, и како што многумина веруваат, на оваа семејство му го донела проклетството на Кенедиеви.

Во авионската несреќа, која била кобна за многу Кенедиеви, во 1973 година загинал и единствениот син на Аристотел, Александар. Неговата мсрт, мајката Атина Марија Ливанос не можела да ја прежали, па година дена подоцна си го одзела животот.

Поради респираторни проблеми на 69-годишна возрасто Аристотел починал во 19758 година, а неговата ќерка Кристина умира во 1988 година поради срцев удар предизвикан од депресија.

Семејното богатство на Оназис, но и проклетството, останало на единствената наследничка, ќерката на Кристина, Атина.

Семејството Рокфелер

Loading...

Богатството на семејството Рокфелер започнува да се насобира во 1870 година кога Џон Д. Рокфелер ја основа нафтената компанија Стандард Оил. Првата трагедија се случила кон почетокот на 1951 година кога Винифред Рокфелер Емени си го одзела животот и животот на своите деца.

Лошата среќа го следала и Мајкл Рокфелер на експедиција во Нова Гвинеја во 1961 година. Прераната смрт го стигнала кога тргнал да бара помош з апревртен брод на кој пловел со холандскиот антрополог Рене Васинг.

Телото никогаш не му е пронајдено, а се шпекулирало дека се удавил од исцрпеност, дека го нападнало морско куче или крокодили, или пак дека го убиле и изеле канибали.

Мајкл бил петто дете на Нелсон Рокфелер, поранешен гувернер на Њујорк чија смрт во 1979 година исто така предизвикала контроверзии.

Иако отпрвин се зборувало дека починал од срцев удар во својата канцеларија, подоцна било објавено дека тогаш, 70-годишникот смртта го стигнала во станот, во кој со него била и неговата 25-годишна помошничка.

Loading...

Постариот брат на Нелсон, Џон Дејвисон Рокфелер погинал во сообраќајна несреќа во Њујорк, година дена претходно. Последниот трагичен случај на оваа семејство се случил во 2014 година кога пилотирајќи со авион над Њујорк, животот го загубил лекарот Ричард Рокфелер.

Семејството Гинис

На основачот на пивската компанија Артур Гинис од 21 дете му починале 11, но со оглед дека времето на дејството е 16 век, со многу голема стапка на смртност кај децата, проклетството на Гинисови се споменува дури од минатиот век.

Потомците завршувале како алкохолирачи и по ментални устнаови, а во средината на 50те години Лорд Мојн страдал од терорист. Во 1966 година Патрик браун се возел низ црвено светло и загинал при удар од комбе.

Дванаесет години подоцна Хенриета Гинис е повредена во сообраќајна несреќа, во која загинала љубовта на нејзиниот живот, по што и самата се фрлила од мост.

Во седумдесеттите, Денис Гинис е приведен и обвинет за закана од огнено оружје. Пуштен е со кауција и набргу пронајден мртов во својот дом.

Loading...

Во сообраќајна несреќа Џон Гинис го изгубил едниот син, додека другиот бил повреден. Од осумдесеттите до 2007 година, тројца потомци на Гинис починале од предозирање.

Leave a Reply