Педро Санчез: Останувам на функцијата премиер на Шпанија

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во своето обраќање најави дека ќе остане на функцијата премиер на Шпанија.

Loading...

Неговата одлука доаѓа неколку дена откако шпанскиот лидер ненадејно објави дека размислува да поднесе оставка, откако судот во Мадрид соопшти дека отворил истрага против сопругата на Санчез, Бегоња Гомеш, пишува Гардијан.

Истрагата уследи по жалбата на групата за притисок Манос Лимпијас (Чисти раце), за која се знае дека имала врски со шпанската крајна десница во минатото.

Шпанските медиуми до моментот на обраќањето не знаеја каква одлука ќе донесе Педро Санчез.

Во оптек беа три можни сценарија:

– Педро Санчез може да остане и да свика гласање недоверба во обид да ја зајакне својата поддршка во парламентот.

– Доколку тој замине, социјалистите би можеле да се обидат да назначат наследник.

– Или неговото заминување може да предизвика нови општи избори – шести во Шпанија во последните девет години – кои би можеле да се одржат во јули.

Loading...