Ова италијанско село е магнет за туристите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Орвието е гратче (иако по големината може да се каже и дека е село) во средишниот дел на Италија, во Умбрија, која надалеку е позната по својата величенствена положба.

Loading...

Имено, сместена е на врвот на рамен брег кој стрмно се спушта кон сите страни, што овозможува спектакуларен поглед на целата околина.

Основан е веројатно во првиот милениум пред нова ера, и често го идентификуваат како етруски град Велсну, иако во врска со тоа постои спор, во секој случај бил еден од најважните центри на таа цивилизација.

Под Рим потпаднал во третиот век пред новата ера, а кон почетокот на средниот век поради извонредната одбранбена положа станува епископско седиште, што го објаснува и постоењето на прекрасни катедрали и папски палати, со оглед дека поглаварите на Римокатоличката црква од раниот 11 век па натаму интимно биле поврзани со оваа место.

Loading...

Иако целото гратче е практично музеј на отворено, токму катедралата посветена на Пресвета Богородица и Папската палата, се најважни споменици, покрај подземните лавиринти, Палатата на народниот капетан и тврдината Алборноза.

Доволен е само еден поглед на оваа убавина да се сфати зошто Орвието е магнет за туристите денес, токму како што некогаш бил магнет за наследниците на Свети Петар.

Leave a Reply