Отворен саркофаг стар 200 години: Пронајдени три мумии

Сподели со своите пријатели

Саркофаг тежок 30 тони најголем досега е откриен во Каиро, што покрена приказни во локалните, но и светски медиуми дека може да се работи за последното почивалиште на древен грчки владетел.

Египетските археолози во четврток згаснаа секаква надеж дека во неодамна откриениот саркофаг се наоѓаат остатоци од Александар Велики, заклучувајќи дека се работи за мумии на тројца членови на „обично“ семејство.

Во Египет откриени остатоци од непознат вид диносаурус

Loading...

Градежните работници минатиот месец случајно наишле на околу 2.000 години стар саркофаг од црн гранит, на градилиште на станбена зграда во историскиот средоземен град Александрија.

Саркофагот тежок 30 гони е најголем некогаш откриен во овој град, што ги покрена приказните во локалните и светски медиуми дека би можело да се работи за последно почивалиште на древен грчки владетел кој во 331. година пред новата ера основал град кој до денес го носи неговото име.

 

 

Египетското министерство за антиквитети веднаш објавило дека се мали шансите тие приказни да се вистински, а вчера тие и дефинитивно се отфрлени.

– Откривме костури на тројца луѓе и изгледа дека се работи за семејна гробница. За жал, мумиите не се во најдобра состојба и останале само коски, рекол Мостафа Вазири, галвен секретар на министерството.

Гробот на Александар Македонски кој умрел во 323. година п.н.е. во Вавиол и натаму останува тајна.

Во Египет откриена гробница стара 4.400 години (ФОТО)

Саркофагот од АЛександрија е последен во низата интересни археолошки откритија оваа година во Египет, меѓу кои е и 4400 години стар гроб во Гиза и древна некропола во Мини, јужно од Каиро.

Отворањето на саркофагот предизвикало во египетските медиуми страв дека би можело да се испушти пророштво старо илјада години.

– Го отворивме фала Богу, темнината не завладеа со светот. Јас прв погледнав во саркофагот и еве ме тука пред вас, рекол Вазири.

Leave a Reply