Во Египет пронајден саркофаг тежок 30 тона

Сподели со своите пријатели

Египетскиот државен весник „Ахрам“ јавува дека саркофаг направен од мермер случајно бил пронајден при изградба на зграда во Александрија.

При градежните работи во Александрија, Египет, пронајде е саркофагот тежок 30 тони, пренесуваат светските агенции.

На местото на настанот биле испратени припадници на безбедносните сили и други официјални претставници. Саркофагот бил извлечен во соработка со припадниците на вооружените сили и ресорното министерство, пренесува Анадолија.

Во Египет откриени остатоци од непознат вид диносаурус

Loading...

Египет е земја на богато културно наследство, честа е мета на крадци на богатството кои објекти од историска важност од време навреме успеваат да ги прокриумчарат преку граница.

Министерството за артефакти минатата година соопштило дека во странство во последните 50 години биле прокриумчарени 32.638 предмети.

Leave a Reply