Во Египет откриена гробница стара 4.400 години (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Археолозите од Египет објавија дека откриле 4.400 години стара гробница во близина на пирамидите кај Каиро.

 

Loading...

 

Египетското Министерство за антиквитети наведува дека гробницата веројатно припаѓала на висока претставничка, позната како Хетпет, за време на петтата динасија од древен Египет.

 

 

Во гробницата се наоѓаат слики на ѕидовите кои ја прикажуваат Хетпет како набљудува различни сцени од лов и риболов.

 

Loading...

 

Лидерот на археолошката мисија Мостафа ал Вазири верува дека Гетпет, за која се смета дека била блиска со дребните египетски кралеви има уште една гробница на гробиштата во Гиза, каде се наоѓаат гробовите на највисоките претставници на старото Египетско кралство.