Нобеловец тврди дека пред нашиот, постоел уште еден универзум

Сподели со своите пријатели

Добитникот на Нобеловата награда за физика, Сер Роџер Пенроуз, тврди дека постоел уште еден универзум пред Големата експлозија, а доказ за тоа сè уште постои во форма на црни дупки.

Loading...

Набргу откако беше објавено дека тој е добитник на Нобелова награда за значителни успеси во теоријата на релативноста на Ајнштајн, како и докази за црни дупки, Сер Роџер Пенроуз во интервју за британски Телеграф изјави дека пред нас постоел уште еден универзум и дека неговата енергија ја чувствуваме преку дупките.

Може да се види со голо око: Откриена црна дупка најблиска до Земјата

Сер Роџер тврди дека таканаречените Хокингови точки – точки на големо, необјаснето електромагнетно зрачење на небото – се остатоци од претходниот универзум.

Оваа претпоставка е дел од теоретскиот модел на универзумот наречен конформална циклична космологија.

Според оваа теорија, Хокинговите точки претставуваат последно исфрлање на енергија (во форма на таканаречено Хокингово зрачење) од постариот универзум, преку црните дупки.

Црна дупка е објект чие гравитационо поле е толку силно што ниту една форма на материја или зрачење – дури ни светлина – не може да му одолее. Можно е еден таков објект да се наоѓа во средината на нашата галаксија.

Што би се случило во случај Земјата да се судри со црна дупка?

Loading...

Научниците Рајнхард Генцел и Андреа Гец, кои ја делат Нобеловата награда со Сер Роџер, дојдоа до најубедливите докази за претпоставката дека има супермасивна црна дупка на средината на Млечниот пат.

Постои можност временскиот период потребен за целосно исчезнување на црната дупка да биде подолг од сегашната старост на нашиот универзум и ова исчезнување е невозможно да се набљудува.

Според „Индипендент“, Сер Роџер истакнал дека „Големата експлозија не е почеток. Пред неа нешто постоело, а тоа нешто не чека во иднина“.

– Нашиот универзум постојано се шири, а целата маса се распаѓа со текот на времето, и според оваа моја луда теорија, таа далечна иднина станува Голема експлозија за некој следен еон. Затоа, нашата Голема експлозија започнала со нешто што било далечна иднина за некои претходни еони, а потоа имало слични црни дупки во фазата на исчезнување што би ги произвеле овие точки што јас ги нарекувам Хокингови. Сега ги гледаме овие точки. Тие се околу осум пати поголеми со дијаметар од Месечината и се малку потопли од нивната околина. Имаме доста солидни докази дека постојат најмалку шест такви точки“, рече добитникот на Нобеловата награда.

НАСА го сними моментот кога црна дупка проголта ѕвезда (ВИДЕО)

Сепак, многу научници сè уште ја отфрлаат оваа претпоставка, тврдејќи дека сè уште нема цврсти докази за видот на зрачењето што излегува од црните дупки.

Исто така, за да може бесконечно големиот универзум да стане бесконечно мал, потребно е сите честички да ја изгубат својата маса со стареењето на универзумот, што исто така е често спорна претпоставка.

Според стандардната космологија, по Големата експлозија, Универзумот поминал низ краток процес на експанзија во кој биле елиминирани неправилностите во неговата структура.

Loading...

ЦРНА ДУПКА ИЛИ ВОНЗЕМЈАНИ: Од каде доаѓаат мистериозните сигнали?

Како одговор на овие критики, Сер Роџер вели дека црните дупки веќе долго време се отпишуваат како чисто математички концепт, сè додека не се докаже нивното постоење во реалноста.

Leave a Reply