ЦРНА ДУПКА ИЛИ ВОНЗЕМЈАНИ: Од каде доаѓаат мистериозните сигнали?

Сподели со своите пријатели

Брзи радио импулси (gast radio burst – FBR) прв пат се октриени во 2007 година, а од тогаш до сега, регистрирани се вкупно 18 пати, со тоа што само еден од тие сигнали се повторувал неколку пати.

Откако е откриен првиот сигнал од страна на телескопот „Australia’s Parker“, научниците го анализирале сигналот кој се повторува за да се обидат да откријат од каде тој доаѓа и што го произведува.

МИСТЕРИОЗЕН РАДИО СИГНАЛ: Никој не знае од каде доаѓа, а се јавува секој ден (видео)

Loading...

Импулсите се изразито силни иако траат многу кратко, помеѓу 30 микросекунди и 9 милисекунди. Ослободуваат неверојатно големо количество енергија, еквивалентно на онаа која Сонцето ја ослободува за време на еден ден.

Како нивен извор минатата година е детектиран од џуџестата галаксија одалечена повеќе од три милијарди светлосни години. Научниците сега дошло до уште откритија за невообичаените услови во кои тие се формираат.

– Импулсите се изразито поларизирани и доаѓаат од околина која има изразито силно магнетно поле. Сигналите ги детектиравме на повисока фрекфенција за разлика од досега. Кога радио брановите минуваат низ магнетно поле доаѓа до нивна „ротација“, појава позната како Фарадиев ефект или ротација. Ротацијата е посилна од магнетното поле, а за овие импулси најсилна некогаш измерена. Тоа ни укажува на фактот дека сигналите доаѓаат од два потенцијални извори или од близина на масивна црна дупка или моќна небула, интерстеларна формација или облаци преполни со водород, хелиум и други јонизирани гасови во кои се раѓаат ѕвездите, се наведува во студијата која ја објавило списанието „Nature“.

Нема да верувате колку црни дупки има во нашата галаксија

– Ова отвара нови прашања доколку станува збор за извор од блиска црна дупка. Што се однесува до директниот извор, сметамо дека се работи за пулсар, неутронска ѕвезда која емитува електромагнетно зрачење, вели Џејсон Хеселс од Универзитетот во Амстердам и додава дека не му е јасно како таква црна дупка воопшто би можела да егзистира во внатрешноста на џуџеста галаксија.

Брзите ради импулси доаѓаат од многу невообичаени услови, каде се менуваат многу сулни и многу слаби магнетни полиња, што научниците ги натерало да размислуваат за близина на црна дупка.

Вишал Гајар, научник кој работи на проектот SETI (Search for Exstraterrestrial Intelligence) додава дека не треба веднаш да се исклучи можноста сигналот да доаѓа од интелегинтен живот од длабокиот универзум.

– Се трудиме да следиме како својствата на импулсот се менуваат низ времето, за да дознаеме која хипотеза е точна, дали се работи за неутронска ѕвезда покрај црна дупка или неутронска ѕвезда во внатрешност ана небула, вели Хеселс.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.