Може да се види со голо око: Откриена црна дупка најблиска до Земјата

Сподели со своите пријатели

Група астрономи од Европската јужна опсерваторија (ЕСО) и други институти открија црна дупка што е оддалечена од Земјата само 1000 светлосни години.

Loading...

Тоа е најблиску до нас пронајдена црна дупка, која е дел од троен систем што можеме да го видиме со голо око кога небото е јасно.

Отрикен радио сигнал од вселената: Го емитува нов тип на ѕвезден систем (ВИДЕО)

Научниците со помош на двометарски телескоп системот HR 6819 лоциран во опсерваторијата ЕСО во Чиле пронајдоа докази за постоење дополнително невидливо вселенско тело.

Тие веруваат дека би можеле да најдат многу други вакви црни дупки во иднина, според ЕСО.

„Бевме изненадени кога откривме дека го откривме првиот ѕвезден систем на црни дупки, што може да се види со голо око“, рече астрономот Петр Хардава од Чешката академија на науките и коавтор за истражувањето.

Што би се случило во случај Земјата да се судри со црна дупка?

Овој троен систем е толку близу до нас што можеме да ги видиме неговите sвезди од јужната хемисфера без телескоп.

Loading...

Исто така, било откриено дека оваа црна дупка не интереагира насилно со околината.

Астрономите исто така веруваат дека ова откритие може да ги разјасни загриженоста што постои за друг систем со две ѕвезди, наречен ЛБ-1, кој исто така може да содржи црни дупки.

„Кога знаеме на што да обрнеме внимание, тогаш ги зголемуваме шансите дека ќе ги најдеме“, изјави друг истражувач за „Дејли меил“.

НАСА го сними моментот кога црна дупка проголта ѕвезда (ВИДЕО)

Откривањето на овој троен систем со внатрешен пар и оддалечена ѕвезда може да обезбеди и одговори за насилните космички спојувања кои ослободуваат толку силни гравитациони бранови што можат да се набљудуваат од Земјата.

Некои астрономи веруваат дека таквите спојувања можат да се појават во системи со слична конфигурација како HR 6819 или LB-1, но кога внатрешниот пар е составен од две црни дупки или црна дупка и неутронска ѕвезда.

Leave a Reply