Напуштена куќа изгоре во центарот на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Стара напушетна куќа вчера попладне изгоре во пожар на улицата „Моша Пијаде“ во центарот на Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи огнот избувнал нешто по 17 часот, а околу 17:25 часот противпожарните екипи излегле на терен.

 

 

Огнот го гаснеле деветмина пожарникари со три противпожарни возила до 19:30 часот.

Граѓаните беа видно испаничени со оглед дека станува збор за густо населен дел од градот, каде постоеше опасност огнот многу лесно да зафати и други објекти.

Пожарникарите по завршување на интервенцијата останале до 20:35 часот на терен поради догаснување на опожарените греди од куќата.

Loading...

Никола Ивановски