Направено истражување за тоа колку често мажите ги мијат гениталиите, резултатите ќе ве изненадат

Сподели со своите пријатели

Иако многумина може да мислат дека прашањето за основна хигиена е прилично бесмислено затоа што секој го прави тоа секој ден, новото истражување за машкото туширање може да ве изненади.

Loading...

Имено, како што пишува The Sun, кога тим истражувачи ги прашале мажите колку често ги мијат гениталиите, одговорот зачудил многумина. Истражувачите откриле дека многу мажи не ги мијат половите органи секој ден, па дури и секој втор ден.

 

 

Откриле дека една петтина од мажите темелно ги мијат гениталиите само двапати неделно, а тоа го прават и поретко. Во студија спроведена од експерти за нега на кожата „Дерм ривју“, 1.000 мажи биле прашани за хигиена и нега на тело. Откриле дека 21,6 проценти ја мијат својата интимна област еднаш на секои неколку дена.

Ел Меклеман, биохемичар за нега на кожата, рече: „Реткото перење не само што ќе резултира со непријатен мирис, туку е и почва за бактерии и може да предизвика болка и инфекција“.

Добрата вест е дека 39,7 проценти од испитаниците потврдиле дека се мијат еднаш дневно. Сепак, значителен број испитаници, со 38,7 проценти, изјавиле дека тоа го прават двапати на ден, што всушност може да доведе до други проблеми.

Loading...

 

 

МекЛеман објасни: „Кожата во оваа област е многу чувствителна и миењето повеќе од еднаш на ден може да предизвика иритација, сувост и чешање“.

Истражувањата исто така покажаа дека 60 проценти од мажите неправилно ги мијат интимните делови. „Топлата вода е добра, но ако сакате, можете да користите и нежен сапун или гел за туширање“, додаде таа.

Leave a Reply