Многу теории за крајот на светот, но имаме уште милениуми

Сподели со своите пријатели

Планетата Земја би можела да исчезне поради судит со некое космичко тело, како резултат на природна или катастрофа предизвикана од човекот. Ова не е фантазија на медиумите ниту холивудско сценарио, туку прогноза на научниците, пишуваат руските „Риа новости“. Земјата толку ќе се затопли што на неа нема да може да се живее.

Loading...

Во октомври 2007 година, селаните од местото во регионот Пенза се сокриле во пештера, чекајќи го крајот на светот. Во мај 2008 година, се плашеле мештаните на селото, Земјата требало да исчезне поради судит со комета. Со оглед дека до катастрофите не дојде, селаните постепено го напуштале засолништето.

Доктрината за крајот на светот е различна во одредени религии. Во христијанството, Армагедон бил предвиден во 1000 и 2000 година. Во календарот на Маите, крајот на светот паѓал во 2012 година. Заканата била очекувана од небото. Во денешно време, астрономите откриле се, помали или поголеми објекти кои можат да се доближат до Земјата на многу мала одалеченост. Точноста на пресметките на траекториите секогаш е ограинчена, па ниту судирот, во некои случаи, не е исклучен.

Поголемиот дел од научниците се загрижени поради астероидот по име Апофис. Се очекува дека тој ќе мине крај Земјата на 13 април 2029 година, на „само“ 38.000 километри од центарот на Земјата. Постои многу мала веројатност дека ќе се „сретнат“ со опасната зона од шестс метри, каде гравитациското поле на планетата ја менува неговата траекторија. Во текот на следното враќање на астероидот во 2036 година, сметаат научниците, би можел да се судри со планетата. Како што пресметале на Московскиот државен технички универзитет, рускиот Далечен исток, земјите од Централна Америка и западна Африка спаѓаат во ризична зона во текот на судирот со Апофис во 2036 година.

Пред повеќе од половина век, американскиот математичар Хајнц фон Форстер и неговите колеги објавиле статија за точниот датум за крајот на светот, а како што тврдат тие во извештајот, тоа е 13 ноември 2026 година. Германскиот астрофизичар Себастијан фон хорнер во 1975 година тврдел дека Судниот ден е некаде помеѓу 2020 и 2050 година. Во текот на тој период, човештвото толку ќе порасне што нема да може да се храни, поради индустриските емисии во атмосферата, планетата ќе се затопли толку што на неа нема да може да се живее.

Американските научници ги внеле новите вредности и формулата на фон Хорнер и резултатите се промениле за 300 години. Пресметале дека крајот на светот нема да се случи пред 2300, односно 2400 година поради глобалното затоплување и презатоплување на планетата поради човечката активност.

Римскиот клуб, здрижение на инлтелектуалци, научници и футуролози, во 1972 година, го презентирал извештајот за ограничување на цивилизацијата. Авторите го анализирале растот на популацијата, индустријата, трошењето на необновливите извори на енергија, деградација на животната средина и дошле до заклучок дека во текот на 21 век постои голема веројатност да дојде до колапс. Меѓутоа, тој може да биде избегнат ако човештвото го промени однесувањето и технолошкиот развој.

Сепак, научниците дошле до заклучок дека нашата планета Земја е на средината на својот пат и дека имаме уште неколку векови или милениуми во резерва.

Loading...

Leave a Reply