Македонија ќе прифати цивилно население од Авганистан, потврди Заев

Сподели со своите пријатели

Македонија ќе прифати дел од цивилното население што ќе биде извлечено од Авганистан, откако Талибанците го зазедоа и главниот град и наскоро се очекува да прогласат Исламска Емират Авганистан.

Loading...

Премиерот Зоразн Заев во изјава за Канал5, вели дека државата е спремна да прифати дел од цивиланото население на Авганистан и дека со своите капацитети и потреби стои на располагањe, а за тоа веќе ги информирале и Соединетите Американски Држави.

– Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан, вели Заев.

Како што појаснува тој, државата е подготвена да обезбеди сместување во хотели и одморалишта за што оперативата и трошоците за време на нивниот престој, до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД.

– Заеднички со САД ќе ги планираме идните чекори за натамошното постапување, вели Заев, кој додава дека во Авганистан во овој момент има и македонски граѓани.

– Имаме и стотина македонски граѓани со кои е воспоставена комуникација, тие се чувствуваат безбедно, а компаниите за кои работат имаат обезбедено планови за евакуација. Исто така, пријателски земји изразија подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат на располагање и за граѓаните на Македонија“ се вели во одговорот кој од кабинетот на Заев го испратиле до Канал5.

Никола Ивановски