Луксузно атомско засолниште од Студената војна на продажба за 18 милиони долари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

За време на Студената војна, многумина живеле во страв од атомските бомби. Статистичките податоци покажуваат дека до 1960 година, скоро 70% од возрасните Американци верувале дека тоа ќе се случи и се проценува дека до средината на 1960-тите години биле изградени околу 200.000 приватни нуклеарни засолништа.

Loading...

Во моментов, еден луксузен бункер во Лас Вегас од тој период е пуштен во продажба за 18 милиони долари.

Поради безбедноста од коронавирусот, богаташите бегаат во оваа земја и бараат бункери

Кога бункерите и засолништата станле популарни за време на Студената војна, Американците сакале да ги уредат за да личат на нивните домови колку што е можно повеќе. Оние што имале доволно пари, успеале да ги опремат бункерите со сите можни погодности што можеле да ги замислат.

 

 

Еден таков љубител на „приградската екстраваганција“ бил Жирард Б. Џери Хендерсон, претприемач кој го остварил своето богатство преку неколку компании, вклучувајќи ги и козметиката „Авон“ и „Gulfstream Aerospace Corp“.

Loading...

Џери бил особено исплашен од нуклеарната закана и бил убеден дека сè ќе биде избришано од лицето на земјата, засекогаш. Затоа во 1964 година се обратил до компанијата „Подземни домови на светот“, чија понуда ја видел на Светската изложба во Њујорк.

Најголемата југословенска тајна – бункер од 6 милијарди долари: Тито бил подготвен за се (ВИДЕО)

Интересно е што Хендерсон живеел во неговата подземна куќа до неговата смрт, во раните осумдесетти. Тој изградил екстравагантна подземна вила во Лас Вегас во седумдесеттите години, која во моментов се продава за 18 милиони долари.

 

 

Кога ќе погледнете внатре, куќата изгледа како било која друга приградска куќа од тој период. Има убава кујна, пространи спални соби, шест бањи, џакузи, базен, па дури и игралиште.

Сепак, факт е дека овој луксузен дом од 5.000 метри квадратни се наоѓа под друга, надземна куќа. На прв поглед, очигледно е дека подземната вила не е реновирана долго време, затоа што украсите и мебелот изгледаат како да сте влегле во временска машина и сте се вратиле во изминатиот половина век.

Loading...

Од нацистичка скривница до хотел: Бункер од Третиот рајх наскоро ги добива првите гости (ФОТО)

Подземната вила е опкружена со уште 15.000 квадратни метри двор со вештачка трева, дрвја, камења, па дури и рачно насликани мурали со пејзажи од шуми и села. Светлата во дворот симулираат различни периоди од денот, а светлата на таванот светат, имитирајќи го ноќното небо.

 

 

Во бункерот се спушта со лифт кој вешто е скриен зад украсните камења, или по скали кои се наоѓаат во барака во дворот.

Иако не е изграден за да издржи нуклеарна експлозија, овој луксузен стан сместен на осум метри под земјата може да се реконструира и да се претворил во вистинско атомско засолниште, доколку некој е подготвен да го купи за 18 милиони долари.

Истражувал некогашн нуклеарен бункер и открил копче за уништување на светот (ВИДЕО)

Loading...

 

Leave a Reply