Истражувал некогашн нуклеарен бункер и открил копче за уништување на светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Замислете да имате моќ да притиснете копче кое би предизвикало нуклеарен судир, знаејќи дека тоа може да го уништи светот? Еден обичен граѓанин буквално се нашол во таква ситуација додека истражувал некогашен нуклеарен бункер.

Дру Скенлон, онлајн ѕвезда, истражувал нуклеарна база во Украина во рамките на својата серија патувања, „Cloth Map“.

По прошетката низ темниот тунел и тесните ходници полни со цевки, минал низ двојни дебели врати и открил некои интересни тајни.

Во Југославија чувал плутониум, а сега гради нуклеарен бункер во својот подрум (ВИДЕО)

Loading...

Оваа база во Украина престанала да се употребува во 2001 година и од тогаш е дозволено да ја посетуваат туристи. Поради тоа опремата многу добро се одржува.

Во снимката туристичкиот водич Дмитро објаснува дека во базата имало доволно храна, вода и лекови за преживување о 45 дена по притиснување на одредено копче.

Откако влегле во главната соба, Дмитро на Дру му рекол дека сега стојат во „собата за уништување на светот“.

Дру седнал на столчето, а според зборовите на водичот, тогаш би добил шифри од Москва кои активираат нуклеарно оружје. За ова потребни се и два клуча, а со нивно истовремено свртување, процесот би започнал, пишува Ladbible.

Водичот Дмитро објаснил дека тука не постои „големо црвено копче“, какво што гледаме во филмовите и дека тоа копче всушност е сиво. Во еден момент тоа копче можело да го уништи целото човештво на земјата.

Погледнете ги подземните војнички бункери на Југославија (фото)

Кога ќе се притисне копчето, започнува гласна, длабока и константна алармна бучава. Тоа покажува дека се е подготвено, зеленото светло открива дека лансирањето започнало, а другото светло дека лансирањето е извршено.

– Сега можете да започнете со одборјување на 22 минути, по што ќе го уништите Вашингтон, рекол водичот.

Она што е реалноста е дека во некоја друга соба такви копчиња навистина постојат.

Leave a Reply