Најголемата југословенска тајна – бункер од 6 милијарди долари: Тито бил подготвен за се (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во раните 50-ти години на минатиот век, Јосиф Броз Тито наредил изградба на таен бункер во близина на босанскиот град Коњиќ, кој ќе ја прими владеачката класа во случај на нуклеарен напад.

Loading...

Воениот објект именуван Д-О „АРЦ“ бил граден под превезот на тајноста 26 години, помеѓу 1953 и 1979 година за време на Студената војна, една година пред смртта на Тито.

Јованка Броз била телохранител на Тито, со себе носела и пиштол

Опремен е со најнова технологија од тоа време. Дури и денес, можете да видите фиксни телефони, машини за пишување и друга добро позната комуникациска опрема од средината на минатиот век.

Бункерот е распространет на 6.854 метри квадратни и се состои од три дела и е на длабочина од 270 метри.

Во првиот дел се наоѓа надзорната резиденција, место за техничка поддршка и потесно осигурување.

Кумановци биле гости на роденденот на Тито

Ова е проследено со метална врата со дебелина од 1,20 метри и тунел што води кон центарот на атомското засолниште, кој може да издржи удар со јачина од 20 килотони.

Loading...

Температурата во бункерот е помеѓу 21 и 23 Целзиусови степени и влажноста од 60 до 70 проценти, што е идеално за живеење. Целиот простор е осветлен со 6.000 неонски светилки.

Цената за изградабата е скоро 4 милијарди евра. Бункерот е опремен со потрошен материјал што ќе им овозможи на околу 350 луѓе да живеат и да работат во него шест месеци без да се појават на површината.

Авторот на „Книгата за нацијата“ тврди дека Тито никогаш не постоел

Постоењето на бункерот била строго чувана тајна, во која биле упатени само до лица од тесниот круг на Тито, четворица генерали и десетици војници кои го чувале комплексот од неговата конструкција до разделбата на Босна од Југославија во 1992 година, кога беше преземена од нова армија.

Влезот е зад ненаметлива врата од гаражата на оддалечен дом на страничен пат и е затрупан во планина зад куќата.

Бункерот од 6.500 метри квадратни се состои од над 100 мали спални соби, канцеларија, конференциска сала опремена со едноставен мебел и задолжителен портрет на Тито.

Снимка од говорот на Тито која долго време била забранета (ВИДЕО)

Местото беше врел компир до 2011 година кога за прв пат беше домаќин на Биеналето на модерната уметност.

Loading...

Денес, овој бункер игра улога на музеј на ретка уметност за разни уметници од целиот свет, но е и потсетник за времето кога заканите за нуклеарна војна беа секојдневна појава.

Leave a Reply