Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Сподели со своите пријатели

Благодарност за поддршката и најава за посета на секое домаќинство во Куманово, најави денеска носителот на листата кандидати за пратеници во Изборна единица 2 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Даниел Стојчевски.

Loading...

Првин упати благодарност до граѓаните кои вчера се вклучија во изборниот процес.

– Денеска сакам јавно да искажам огромна благодарност до сите граѓани на Македонија кои во текот на вчерашниот ден се вклучија во изборниот процес и учествуваа во промена на сето она што се случува во изминатите години во Македонија, рече тој.

 

 

Вели дека на стартот на кампањата најавиле дека „по Илинден и АСНОМ, ќе следува изборно востание“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило

– Токму тоа изборно востание се случи во текот на вчерашниот ден. Македонците испратија јасна порака дека веќе не сакаат да живеат во држава каде што веќе нема правда, каде што има неказнива корупција, каде што нема правда подеднаква за сите, немаме квалитетно образование и здравство. Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија сето ова да го сменат, изјави Стојчевски.

Loading...

Во наредниот период, вели тој, членови на Движењето ЗНАМ ќе го посетат секое населено место, и ќе разговараат со секој граѓанин.

– Нашата програма „Проглас за достоинствена Македонија“ ќе ја претставиме пред сите луѓе и она што на некого вчера можеби му изгледаше невозможно, ќе докажеме дека на осми може да биде уште подобро. Ние од движење ЗНАМ ќе работиме честно, посветено, за подобар живот на сите граѓани и очекуваме уште поголема поддршка на осми мај, рече Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

Никола Ивановски