Од нацистичка скривница до хотел: Бункер од Третиот рајх наскоро ги добива првите гости (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот нацистички бункер во Хамбург ќе биде отворен во 2021 година како хотел со 136 соби, бар, кафе и кровна градина.

Loading...

Бункерот беше една од многуте структури што служеше како заштита од воздушни напади за време на Третиот рајх.

Зградата била присилно изградена од околу 1.000 луѓе во 1942 година, а во текот на следната година бункерот бил засолниште за дури 25.000 луѓе кои се штителе од воздушни напади.

https://www.instagram.com/p/B2oP-B7n4L3/?utm_source=ig_embed

Потсетувајќи на ужасните злосторства извршени од нацистите, беше решено бункеротда се руши. Сепак, дебелината на ѕидот е околу 350 сантиметри, така што количината на експлозив што би ги срушила тие ѕидови, исто така, би ги уништила околните објекти.

За бункерот започна да се зборува во 1950 година и оттогаш има многу корисни намени.

Поради дебелината на идовите, бункерот се покажа како идеален простор за се што вклучува бучава. Така некогаш тука имало ноќен клуб на еден кат и музичка продавница горе.

Тука имало и модерно музичко училиште, со кое локалното население го замислувало бункерот како убава градина, а наскоро станува и хотел.

https://www.instagram.com/p/B27OPnQJ3WJ/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply