Корона кризата за технолошките гиганти донесе огромни заработки

Сподели со своите пријатели

Вредноста на „Епл“ и „Мајкрософт“ се доближи до 1,5 трилиони долари, Амазон е 1,3 трилиони американски долари (*еден трилион – 1.000.000.000.000), Alphabet (компанијата сопственик на Google) треба исто така наскоро да достигне трилион, додека „Фејсбук“ се приближува до пазарната вредност од „само“ 700 милијарди долари.

Loading...

По вчерашното затворање на берзата, четири технолошки гиганти – Амазон, Епл, Фејсбук и Мајкрософт забележаа највисока цена на акциите, т.е. пазарни вредности на компаниите во историјата.

Како ќе изгледа „темниот режим“ за мобилната апликација на Фејсбук?

Во моментов највредната компанија во светот е „Епл“ која тежи скоро 1,5 трилиони американски долари и се чини дека е на добар пат за уште еден трилион. Следува „Мајкрософт“ со пазарна вредност од 1,44 трилиони, додека пазарната вредност на „Амазон“ достигна 1,3 трилиони долари. Фејсбук е единствената од овие компании што не достигнала трилион, но се приближува до вредноста од 700 милијарди долари.

Комбинираната вредност на овие четири компании е скоро 5 трилиони долари, а треба да се спомене и „Алпхабет“, кровна компанија што ја вклучува  и „Гугл“ – нејзината вредност е 990 милијарди американски долари, што е за околу 5 проценти помалку од најголемата вредност досега, а доколку растот продолжи, наскоро вредноста на таа компанија би можела да надмине трилион долари.

За време на пандемијата, половина од светот нема пристап да интернет

Ова сигурно не се вредности што би ги очекувале пред 2 и пол месеци кога започна заклучувањето на економијата и карантинот. Но, технолошките компании имаат голема предност затоа што, со работа од дома, потребата за нивни услуги значително се зголеми, така што додека многу индустрии се преплавени со отпуштања на работници, големите технолошки компании брзо се опоравија од коронавирусот.

Предвидувањата на аналитичарите се различни и во моментов е невозможно да се знае каква економска состојба нè чека по летото и во текот на следната година и ќе зависи од друг бран што може да донесе нови здравствени и економски проблеми.

Loading...

Фејсбук ги менува правилата поради Трамп

Она што е сигурно е дека некои работи ќе се променат, пред се поврзани со начинот на кој работиме, па во иднина, и кога ќе помине кризата, сè повеќе луѓе ќе работат од дома, што ќе имаат корист и за технолошките компании.

Leave a Reply