Како ќе изгледа „темниот режим“ за мобилната апликација на Фејсбук?

Сподели со своите пријатели

Фејсбук Лајт, Инстаграм и WhatsApp – сите апликации во сопственост на Фејсбук – веќе добија темен режим. Сепак, оваа опција недостасува од главната апликација на Facebook.

Loading...

Можеби не треба да чекаме долго за споменатата функција, затоа што страницата 9to5Google излезе со слики од завршениот мрачен режим на апликацијата Фејсбук за Андроид.

 

 

„Скриншотовите“ од екранот покажуваат темна сива боја за елементите на корисничкиот интерфејс и црна позадина за апликацијата „Фејсбук“.

Покрај тоа, корисниците ќе имаат можност рачно да го овозможат или автоматски да се префрлаат помеѓу темна и светла верзија во зависност од стандардните поставки на системот на телефоните.

 

Loading...

 

Засега е непознато кога темниот режим за апликацијата „Фејсбук“ ќе биде достапен за корисниците на „Андроид“.

Откриена е друга опција за апликацијата „Фејсбук“, а тоа е локалниот тракер COVID-19, кој им нуди на корисниците информации за бројот на заразени со коронавирус.

Редизајнот исто така ќе добие апликација наречена Your Time on Facebook, која сега се прикажува во форма на јазичиња.

Leave a Reply