Фејсбук ги менува правилата поради Трамп

Сподели со своите пријатели

Марк Зукерберг вели дека „Фејсбук“ ќе ја ревидира својата политика за управување со содржини, откако таа социјална мрежа беше цел на критики затоа што не ги отстрани контроверзните пораки на американскиот претседател Доналд Трамп.

Loading...

Во писмото до вработените, кое подоцна го сподели на својата страница на Фејсбук, Зукерберг изјави дека разбрал зошто одлуката да не се отстранат пораките на Трамп од таа мрежа, како што тоа го стори Твитер, „ги разгневи, разочара и повреди многумина“.

Ако ви здосадил Фејсбук, ова се 10 чудни и малку познати „катчиња“ на интернетот

Фејсбук ќе ја ревидира својата политика, особено кога станува збор за прекумерна употреба на државниот монопол на сила, изјави Зукерберг.

Ко-основачот и извршен директор на Фејсбук зборуваше и за протестите што избувнаа низ САД по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.

– Им порачувам на припадниците на црната заедница дека стоиме покрај вас. Вашите животи се важни за нас – напиша Зукерберг.

Ова се членовите на надзорниот одбор кој ќе го контролира Фејсбук

Проценките на Зукерберг доаѓаат еден ден откако тој оствари средба со вработените во Фејсбук, од кои многумина рекоа дека се лути и разочарани од одлуката на мрежата да не прават ништо за пораките на американскиот претседател.

Loading...

Ривалскиот Твитер ја обележа контроверзната порака на Доналд Трамп, „кога започнува грабежот, пукањето започнува“, како кршење на правилата на таа мрежа и глорификување на насилството.

Запрашан на средбата со вработените зошто ништо не е сторено со пораката на Трамп, тој рече дека правилата на Фејсбук во моментов не опфаќаат употреба на сила од страна на државата, затоа што употребата на сила на државата е законски дозволена.

Leave a Reply