За време на пандемијата, половина од светот нема пристап да интернет

Сподели со своите пријатели

За време на изолацијата воведена поради пандемијата на коронавирусот, интернетот беше „прозорец кон светот“ за милијарди луѓе, но милијарди други сè уште немаат пристап до интернет.

Loading...

Според проценките на Обединетите нации, ова е случај со скоро половина од светската популација – или 46 проценти од луѓето ширум светот, кои за време на пандемијата немале директен пристап до клучни здравствени информации, но и работа, учење од далечина или медицински прегледи, нарачување храна, или следење на преносот на верски служби и ритуали, кои се само некои од примерите.

Ако ви здосадил Фејсбук, ова се 10 чудни и малку познати „катчиња“ на интернетот

Иако владите ширум светот ветија дека ќе обезбедат пристап до интернет на сите жители до оваа година, „дигиталниот јаз“ останува длабок и ја зголемува нееднаквоста во животот надвор од интенретот, пишува Си-Ен-Ен.

Покрај жителите на сиромашните делови на светот, жените, старите лица и оние кои живеат во оддалечени или рурални области имаат помал пристап до интернет, а за време на пандемија ситуацијата е дополнително комплицирана со затворање канцеларии, училишта или јавни објекти како што се библиотеки и кафулиња.

Интернетот на SpaseX преку „Starlink“ ќе биде достапен кон средината на 2020 година

„Отсекогаш велевме дека околу 3,5 милијарди луѓе немаат врска со интернетот, но знаеме дека сега тој број е уште поголем“, рече Елеонор Сарпонг од Алијансата за достапен интернет.

Проблеми во оваа област има и во развиените делови на светот, така што на пример повеќе од 40 проценти од американските домаќинства со пониски приходи немаат пристап до широкопојасен интернет, додека во Велика Британија 1,9 милиони домаќинства воопшто немаат пристап до оваа мрежа, а десетици милиони немаат постојана интернет  врска со неограничен проток на податоци.

Loading...

Leave a Reply