Конференција „Отпорни граѓани – безбедни шуми“

Сподели со своите пријатели

Конференција „Отпорни граѓани – безбедни шуми“ ќе се одржи денеска во организација на Евротинк – Центарот за европски стратегии.

Loading...

За време на конференцијата, како што соопшти Евротинк, ќе бидат презентирани наодите од истражувањето изработено во рамки на проектот „Спротивставување на корупцијата во животната средина на локално ниво: Откријте, анализирајте, зајакнете!“, поддржан од Глобалната иницијатива за борба против транснационален организиран криминал и Фондот за отпорност.

– Освен презентација на постоечките наоди, заеднички ќе ги продискутираме ризиците и предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочуваат граѓаните и институциите на национално и локално ниво со претставници од институциите, експертската јавност и засегнатите страни, посочиваат од Евротинк.

Марија Спасовска

Leave a Reply