Кличко: По руското ракетирање, делови од Киев без струја и вода

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко соопшти дека некои делови од главниот град на Украина се без струја и вода по ракетниот напад утринава од руските сили.

Loading...

Кличко на Телеграм изјави дека цел биле објекти од витална инфраструктура, пренесува Интерфакс Украина.

Претставници на регионалните власти во Украина соопштија дека утринава руските сили извршиле ракетни напади врз неколку украински градови и региони, вклучувајќи ги Киев, Запорожје, Харков, Миколаевската област, Виница и Черкаската област.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.