Изненадувачки знаци за недостаток на протеини

Сподели со своите пријатели

Протеините се од суштинско значење за правилно функционирање на човечкото тело. Тие ни ja даваат потребната енергија, помагаат на телото да се опорави. Протеините се составени од долгата низа на аминокиселини кои се градбени блокови на мускулите.

Затоа не треба да go дозволиме и нивниот дефицит. Како и во секој друг случај во кој организмот страда, така и при недостаток на протеини, телото секогаш ќе ни покаже кога нешто не е во ред. Видете некои изненадувачки знаци дека не внесувате доволно протеини со храната .

Најбогатиот зеленчук со протеини

Loading...

Постојан апетит

Постојаната желба за јадење, потребата да каснете нешто помеѓу оброците и гладот ​​кон нездрава храна (со висока содржина на масти и шеќер) се еден од скриените знаци дека менито ви е сиромашно на протеини.

Протеините му помагаат на телото да одржува стабилни нивоа на шеќер во крвта. Затоа секогаш започнувајте го денот со појадок во која има корисен протеин, како млеко, варено јајце, малку парче мрсно сварено месо и други.

Мускулни и болки во зглобовите

Мускулната слабост, болките и чувството дека немате сили исто така е знак дека не консумирате доволно протеини. За да функционираат добро мускулите, тие имар потреба од протеини. Протеините се важни за функциите и за изградбата на клетките и ткивата.

Затоа многу често по строга диета во која протеините не биле вклучени или се премногу ретки, не само  што губиме дел од вишокот на масти, но потоа се потребни многу спорт и корекција во исхраната, за да се изградат повторно убави и добро функционирачки мускули .

Зошто не треба да претерате со внесувањето на протеини?

Бавно закрепнување од повреди

Обрнете внимание на тоа како вашата кожа и организмот реагира на трауми. Забавено обновување на клетки, кожно ткиво, дури и имунитет за време на настинки се знак на недоволно внесување на храна богата со протеини.

Губење на убавина

Нашите коса, нокти и кожа се оние кои нè прават убави и привлечни. Кога има дисбаланс во организмот поради недостиг на корисни протеини, тогаш косата се истенчува, почнува да паѓа, ноктите стануваат кршливи, кожата безживотна. Затоа, кога страдате од овие проблеми, најнапред обрнете внимание на исхраната.

Задржување на течности

Причините за приведувањето на вишокот течности можат да бидат многу. Забележувате отоци околу глуждовите, отекување на лицето, се чувствувате целосно потечени и подуени. Можеби не земате доволно протеини. Овие знаци се бидејќи протеините играат суштинска улога во балансот на течностите во организмот и нивното задржување околу ткивата и особено во областа на екстремитетите.

Суштинските хранливи елементи за детското мени

Често боледувате, страдате од недостаток на концентрација

Честото боледување е знак на намален имунитет. Имуните клетки имаат потреба од протеини. Од друга страна недостаток на концентрација, лесна вртоглавица во некои моменти, исто така, може да укажуваат дека менито ви е сиромашно на протеини.

Кои луѓе се изложени на ризик од дефицит на протеини?

Loading...

Тоа се возрасните, активните спортувачи, бидејќи тие горат повеќе калории и имаат потреба од повеќе протеини за градење на мускулна маса. Луѓето изложени на стрес , исто така треба да го регулираат своето мени, како и оние со дигестивни проблеми, диета, бремените жени.